
Вметнување SIM картичка и батерија
Овој телефон е наменет за употреба со батеријата BL-5CB.
Безбедно отстранување. Секогаш исклучете го уредот и отстранете го полначот
пред да ја отстраните батеријата.
1 Ставете го Вашиот прст во вдлабнатината на долниот дел од уредот, и
внимателно подигајте и отворете го задниот капак (1).
2 Подигнете ја батеријата и отстранете ја (2).
3 Вметнете ја SIM картичката (3). Погрижете се контактната површина да е
свртена надолу и закосениот агол на SIM картичката да е свртен кон долниот
дел на уредот.
4 Вратете ја батеријата (4) и задниот капак (5, 6, 7).