
Полнење на батеријата
Батеријата е делумно наполнета во фабриката. Ако уредот означува ниско ниво на
наполнетост, направете го следново:
1 Вклучете го полначот во ѕиден штекер.
2 Поврзете го полначот на уредот.
4
За почеток

3 Кога батеријата ќе се наполни целосно, исклучете го полначот од уредот, а
потоа и од ѕидниот штекер.
Совет: За да заштедите енергија, исклучете го полначот кога батеријата е целосно
наполнета.
Не треба да ја полните батеријата одредено време, а може да го користите уредот
додека се полни. Ако батеријата е целосно испразнета, може да поминат неколку
минути пред индикаторот за полнење да се појави на екранот или пред да може
да се направат повици.